Премиерот Зоран Заев, на завчерашниот ТВ дуел со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, запрашан на кој јазик говорат Македонците во Лерин и во други места во Егејска Македонија „стратешки“ одговори:

– Нема да дозволам да ми ги расипете пријателските односи со Грција, рече Заев избегнувајќи да одговори на прашањето.

Па, еве го одговорот на прашањето за кое, сеедно, дали премиерот Заев не го знае или се срами да го одговори.

Од видеото се гледа и се слуша на кој јазик пеат Македонците во Беломорска Македонија. Снимката е од 25 декември минатата година, направена во селото Јаница во Егејска Македонија.

Се надеваме, оваа мала помош ќе му се најде на премиерот Заев, за некој следен ТВ дуел.

Во Беломорска Македонија се пее Македонски и насекаде во Грција каде се Македонците

Gepostet von Беломорска партија – Belomorska partija am Freitag, 29. März 2019