Премиерот Зоран Заев дава душа и срце во кампањата за претседателските избори за кандидатот Стево Пендаровски.
Тоа ја прави политичката кампања дури и забавна. Граѓаните веќе се сити од говорите со пропагандни милиони придобивки од ЕУ и НАТО, што излегуваат од устите на политичарите, па, според советите на Заев, ги начулуваат ушите да слушнат некој природен бисер, надвор од пропагандната матрица.
Како овој:
– Фала на убавите зборови. Е, ова беше истурање на душата!- прокоментира Заев на митингот во Прилеп, по емотивниот излив на девојка од публиката кон Пендаровски.