Досега во Македонија бевме навикнати да гледаме како се рушат рекорди, но сега гледаме и слушаме како се кршат рекорди. И тоа од премиерот Зоран Заев:

– Минатата година ги скрши сите рекорди за странски инвестиции од самостојноста на државата: 155  милиони евра, 4.500 работни места, 17 нови фабрики во ТИР зоните и 20 сериозни инвестиции во земјоделството. Продолжуваме посветено за силна економија, објави Заев на официјалниот профил на Фејсбук.

Денеска, пак, во Љубљана, министерот за здравство Венко Филипче објави дека за нецели две години се вработени 3.000 лица само во здравството.

Ако се пребројат само партиските и роднинските вработувања во јавната администрација, може да излезе нов проблем: недостиг на работна сила во Македонија.

Минатата година ги скрши сите рекорди за странски инвестиции од самостојноста на државава до денес.✅ 155 милиони евра✅ 4.500 работни места✅ 17 нови фабрики во ТИР зоните✅ 20 сериозни инвестиции во земјоделството.Продолжуваме посветено! #СилнаЕкономија

Gepostet von Zoran Zaev am Mittwoch, 27. Februar 2019