Апелирам до владите во регионот, не штедете на граѓаните, напротив, вложувајте во нив, во куповната моќ и во развојот на човечкиот капитал, вели бившиот премиер Зоран Заев.

– Минималната плата мора да одржува постојан раст, социјалната помош исто така, пензиите исто така. Државите, владите, бизнисите, синдикатите и опозициите треба да бидат во постојан дијалог и да создаваат решенија. Во кризни времиња штрајковите и блокадите не се решенија. Дијалогот е решение. Компетитивност со идеи, трагање по стабилност и предвидливост. Тоа се чекорите кои ќе не одведат до решенија, а не радикални потези, блокади, исклучивост и насилство, рече заев на бизнис форумот на кој учествува и тој.

Видеото од обраќањето на Заев, на англиски јазик, но со превод и на македонски, може да го отворите ТУКА.