По малку се сомневам да не има двајца луѓе со исто име и презиме, еден Зоран Заев кој донесе бројни награди од Европа и номинации за Нобелови награди и еден друг Зоран Заев, кој во својата татковина се соочува со „фејк њуз“ напади, рече синоќа премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев во Битола.
Тој натаму во говорот истакна:
– Но, пописот ќе покаже дали постои еден или двајца Зорановци со презиме Заев. Ако се двајца бидете сигурни дека се скарани, рече Заев.
Интересно од синоќешната промоција на кандидатите за градоначалници и советници на СДСМ е и тоа што се пееја патриотски песни во кои се воспева Македонија без Северна.
Тоа говори дека за избори може да се избруси и „северна“.
Видеото може да го погледнете ТУКА.
Видеото за „вечна да и биде среќата на Македонија (без Северна)“ може да го отворите ТУКА.