Бившиот премиер и актуелен лидер на СДСМ, во вечерашното интервју за ТВ канал 5, повторно употреби „невкусен“ избор на зборови и термини за да ја објасни „успешната борба“ со коронавирусот“ во Македонија.
– Ако еден заразен заразува само еден тогаш треба да се продолжи танцувањето. Кај нас, секако успешно танцуваме, рече меѓу другото Заев.
Заев е познат со бисери за „тепсии и баклави“, за „мало сутра“ и ред други, но „танцување“ во време на пандемија крајно е невкусно од устата на политичар кој ја водел државата, дури и со најдобри намери за компарации за вирусот и ширењето.