Ставовите на Зоран Заев некогаш издржуваат дури од една до следна прес-конференција, како што е случајот со нарекувањето „северномакедонци“ од страна на бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Откако пред неколку дена Заев најави дека ќе испратат протестна нота до Бугарија за изјавите на Борисов во кои спротивно на договорот за пријателство и договорот со Грција, Македонците ги нарекуваше „северномакедонци“, Заев пак го смени ставот. Тој денеска рече дека „со пријатели треба да се разговара, а не да се испраќаат протесни ноти“.

– За вакво прашање не се испраќа протестна нота оти протесната нота е прилично негативен чин на непријателство, со пријатели се разговара. Знаеле тие некогаш невнимателно да употребат зборови, но се разговара. Затоа не е испратена протестна нота, одговори Заев.

Еве ги двете изјави на Заев дадени во рок од неколку дена за ист проблем со различен став.