Актуелниот премиер Зоран Заев на власт дојде со „негови вистини“ ветувања за расчистување на неколку убиства.
Судбината на повеќе луѓе некрофилски беше употребувана за политички цели, а граѓаните беа поттикнувани на уште пожестоки реакции кон „режимот на Груевски“ во тн. шарена револуција.
И сега, кога Заев е на власт втор мандат, осудениот убиец на Мартин Нешковски е пуштен на слобода, сопругата на новинарот Никола Младенов изјави дека и неговото име било политички злоупотребувано, а најново од таа серија е убиството на младите момчиња и рибарот кај Смилковско Езеро.
И за овој случај Заев најавуваше „негова вистина“, а неа ја слушнавме денеска во судот: Нема никакви нови докази за претходно осудените, па ослободени, и случајот беше даден да го реши обвинителите на СЈО.
Од видеово од пред неколку години, слушнете ја „вистината на Заев“ и за овој случај и вистината што денеска беше кажана од бившата обвинителка на СЈО, Фатиме Фетаи.
https://www.facebook.com/martin.tolovski.9/videos/1087340071730393