Канадската провинција Манитоба има застрашуавчка атракција за туристите – парење на десетици илјади вљубени змии позната како Нарцисов танц на змиите.

Ритуалот за парење на змиите привлекува илјадници луѓе секоја година.

Областа околу Нарцис јамата е толку привлечна за змиите, па многу земјоделци ја напуштиле пред повеќе децении. Нејзиниот тенок површински слој лежи на варовник, кој со времето еродирал создавајќи мрежа од мали пештери идеални за љубовни гнезда на змиите.

Честите дождови и студенилото ги држат змиите под земја, но тие секоја пролет на десет дена излегуваат на површината да го „прослават“ топлото време, пишува Њујорк тајмс.

– Тоа веројатно е најголемата концентрација на змии во светот. Неверојатно е колку луѓе сакаат да ги видат, тие се вистински амбасадори во светот на рептилите, вели Робер Мејсон, професор на Универзитетот во Орегон.

Манитобската служба за диви животни воспоставила парк за „танц на змиите“ кој е дом на околу 70.000 влекачи.

Овие змии, инаку безопасни за луѓето, излегуваат на површината од јамите за да се парат. Од далеку изгледа како просторот да е прекриен со зелена вегетација, но одблизу се гледа дека станува збор за испреплетени змии со должина до 50 сантиметри.

– Во почетокот бев малку гадлива затоа што изгледаат како лигав тепих, но кога ќе кренете една, сфачате дека тие се нежи и преубави суштества, вели Џенет Сустрик, која годинава со мажот прв пат го набљудува ритуалот на парење.