И Виенскиот институт за економски студии ги скрши розевите очила на Заев – 4 квартал нема раст, дефицитот е зголемен, а капитални инвестиции нема, се истакнува во денешната реакција од ВМРО-ДПМНЕ за фалбите на власта за „растот на економијата“ во Македонија.

-Виенскиот институт за меѓународни економски студии утврдува дека Македонија е една од трите земји во Централна и Источна Европа кај која нема подобрување на економските проекции, односно земјата тоне. Во анализата се посочува дека економијата не може да започне да се опоравува од пандемијата. Според истата БДП во првиот квартал од 2021 година падна за 1,9% – што е четврти последователен квартал со пад. Македонија е во рецесија, а со политики на Заев, излезот е се потежок, се вели во соопштението.

А заздравувањето на економијата, се додава во истото, не е ниту на повидок.

-Извештајот на Виенскиот институт нотира дека власта троши повеќе отколку што има. Според истиотw буџетскиот дефицит во првиот квартал завршил на 4% од БДП. А се нотира и слабата реализација на капиталните расходи, која паднала за 34%w под планот. Извештајот на Виенскиот институт е уште еден црвен картон за владата која не работи ништо, и се занимава само со криминал. Време е за сериозни политики и одговорен пристап. Време е за Македонија за сите луѓе!- се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.