Маж од Виетнам е осуден на пет години затвор бидејќи заразил неколку луѓе со коронавирус. Дваесет и осумгодишниот Ле Ван Три е осуден за ширење опасна заразна болест, пишува Би-Би-Си.

Тој од градот Хо Ши Мин отпатувал во провинцијата Ка Мау го прекрши 21-дневниот карантин. Заразил осум лица, од кои едно починало по еден месец лекување, објавија виетнамските медиуми.

Провинцијата Ка Мау од почетокот на пандемијата пријавила само 191 случаи и два смртни случаи, а градот Хо Ши Мин 260,000 заразени и повеќе од десет илјади починати.

Бројот на случаи расте во Виетнам

Виетнам беше една од земјите која успешно се бореше против пандемијата благодарение на масовното тестирање, следењето на контактите на заразените и строгиот карантин, но ситуацијата се влоши од април. Повеќето од 536.000 заразени и 13.185 починати се регистрирани во изминатите неколку месеци.

Уште две лица беа осудени на година и пол и две години затвор за кршење на правилата.