Во текот на вчерашната вечер во периодот од 22:00 до 03:00 часот при спроведена зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Македонија, санкционирани се 89 возачи.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, од вкупниот број на изречени санкции, 20 се на територија на СВР Скопје, 15 на територија на СВР Струмица, 12 на територија на СВР Тетово…
Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.Санкционирани 102 возачи во Скопје, 39 под дејство на алкохол
На територија на град Скопје полицијата вчера изрекла вкупно 102 мерки, меѓу кои за возење под дејство на алкохол 39 санкции и 23 санкции за возење без возачка дозвола, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Изречени се, како што информираат од МВР, и три мерки за минување на црвено светло, две мерки за некористење сигурносен појас, две мерки за користење мобилен телефон, четири мерки за возач почетник, пет мерки за нерегистрирани возила, две мерки за недавање првенство на минување на пешаци.
Од МВР информираат дека продолжуваат со засилените акциски контроли и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел поголема безбедност во сообраќајот и за посигурни патишта.
Санкционирани 12 пијани возачи на територија на СВР Тетово
Во зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол полицијата вчера во периодот од 22:00 до 03:00 часот на територијата на СВР Тетово санкционирала 12 возачи, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од МВР информираат дека продолжуваат со засилените акциски контроли и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел побезбедни патишта.