Седум лица се здобиле со тешки телесни повреди, а 17 се полеснo повредeни во 19, од вкупно 31 сообраќајна несреќа регистрирана во изминатите три дена на подрачјето на СВР Скопје.

Сообраќајната полиција санкционирала 502 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, а исклучила од сообраќај 98 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол.

Од сообраќај се исклучени 56 нерегистрирани возила, 144 автомобили кои биле непрописно паркирани, а со пајак се подигнати 26 возила.

Двајца пешаци поминале коловоз на црвено светло, а 17 возачи поминале на крстосница на црвено светло.

Еден возач не дал првенство на минување на пешаци, тројца се престроиле неправилно, еден неправилно престигнувал, додека пак тројца возачи не дале првенство на минување на возила во зона на крстосница