Напаѓачот на Арсенал, Вилијан влезе како замена во 46. минута од вечерашниот натпревар од шампионатот на Англија против Манчестер јунајтед. Триесет и двегодишникот Вилијан е првиот Бразилец кој одигра 250 натпревари во Премиер лигата, објави „Sky Sports Statto“.
Лукас Леива е втор Бразилец во ова статистичка категорија со 247 премиерлигашки средби во периодот 2007 – 2017 година.
Вилијан оваа сезона одигра 21 натпревар за Арсенал и има три асистенции.