Висока делегација на Советот на НАТО, предводена од заменикот-секретар Мирчеа Џоана ќе престојува денеска во официјална посета на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Според соопштението на Алијансата, што го пренесоа косовските медиуми, делегацијата ќе се сретне со претседателката на Косово, Вјоса Османи и со претседателот на најголемата партија на косовските Срби, Српска листа, Горан Ракиќ.
Џоана и другите членови на делегацијата, составена од амбасадори на сојузниците и партнерите на КФОР, ќе се сретнат и со командантот на таа меѓународна воена мисија, генерал Ференц Кајари, како и со шефовите на другите меѓународни мисии во Косово, односно на ЕУ, ЕУЛЕКС, ОБСЕ и УНМИК.