Заради високата плата и работното место советник-инспектор за летачко работење во воздушниот сообраќај во Агенцијата за цивилно воздухопловство, Сашо Новковски се изјаснил дека е Албанец и на 14 септември 2023 година е примен на таа позиција, објави ТВ Алсат.
„Етничкото балансирање како критериум при вработување во државната администрација и јавните институции врз основа на правична и соодветна застапеност и понатаму е нефункционално. И досега имаше случаи кога граѓани од други етнички заедници се вработувале на места предвидени за Албанци со едноставно изјаснување дека се чувствуваат за Албанци. За високата плата во Агенцијата за цивилно воздухопловство дури и извесен Сашо Новковски се изјаснил за Албанец. На 14 септември годинава станал советник-инспектор за летачко работење во воздушниот сообраќај“, објавува ТВ Алсат.
Натаму ТВ Алсат пишува:
„Врз основа на резултатите од сите фази на селекцијата Комисијата за избор изготви конечна листа на кандидати и ја достави до директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство Томислав Тунтев, кој ја потпиша. Незадоволните кандидати имаат рок од 8 дена да се жалат на оваа одлука до Агенцијата за администрација, навеле од Агенцијата за цивилно воздухопловство за ТВ Алсат.
Извор: ТВ Алсат