Евангелието по Матеј прикажува трагична сцена: кралот на Јудеа, Ирод, чувствувајќи се загрозен од раѓањето на бебе за кое мислел дека еден може да му го презеде престолот, ги испраќа војниците со наредба да ги убијат сите деца до две години старост во Витлеем.
Предупредени од ангел, Јосиф, Марија и Исус бегаат во Египет. Се враѓаат по смртта на Ирод и се населуваат во Назарет и така целиот настан исполнува три древни пророштва во врска со раѓањето на Месијата.
Проблемот е во тоа што не постои независна потврда дека масовното убистви се случило. Не постои ниту еден историски доказ за тоа. Не постои ништо ни во списите на еврејскиот историчар Јосип Флавиј, не постојат археолошки наоди за тоа, не постојат записи, ниту документи. Всушност, надвор од Евангелието по Матеј, не постои доказ дека овој масакр се случил. Дали тогаш е вистинит?
Д-р Џон Мекреј, автор на учебникот „Археологија и Новиот завет“ од 432 стр., професор на Витон колеџот во Чикаго, кого вчера го претставивме во врска со пописот во време на владеењето на Квириниј, две клучни појави за раѓањето на Исус во Витлеем од Евангелито по Лука, за ова вели:
„Денес еден таков нстан веднаш би бил објавен преку Си-Ен-Ен и другите медиуми. И за тоа сите бргу би дознале. Но морате да имате в предвид дека станува збор за првиот век од нашата ера и плус уште неколку нешта. Прво, Витлеем веројатно не бил поголем од Назарет, значи село со 500-600 луѓе, па сега заклучете колку деца на таа возраст би имало. Не илјадници, не стотина, но само неколку.
Второ, Ирод бил крвожеден крал, убивал членови на своето семејство, погубил голем број луѓе за кои мислел дека можат да му се спротивстават. Така што, фактот дека убил неколку бебиња во Витлеем не мора да го привлече вниамнието на луѓето во римскиот свет.
Трето, немало телевизии, радија, весници. Било потребно многу време за вестите да се прошират, посебно од така мали села далеку во брдата, а историчарите секако имале далеку поголеми приказни за кои би пишувале. Всушнст, во тоа време, можеби тоа и не било некоја посебна приказна. За лудак кој убивал секого кој му изгледал потенцијална опасност за него – таквите убиства биле сосема обична работа. Подоцна, како се развивавало христијанството, тој настан станал значаен, но навистина би бил изненаден ако би претставувал кој знае каква новост во тоа време“, истакнува Мекреј.
Ете тоа е единственото објаснување за библискиот масакр на децата до две години во Витлеем. Дали навистина се случил? Останува да му верувате на Евангелието по Матеј. Или не. Ваш избор и ваше убедување.
Според Евангелието по Лука, пак, настанот не се случил. Инаку, би било неверојатно дека тој го пропуштил. Но, според Лука, нема ни бегство во Египет.
Кај евангелијата по Марко и по Јован, нема ниту еден збор не само за ова, туку воопшто за раѓањето на Исус. Така што, повторно се враќаме на почетокот. Маскакрот се случил или не?
Веќе имаме споменато, настанот се споменува во Протоевангелието по Јаков, братот на Исус, напишано околу средината на вториот век, но таму веројатно станува збор за запис кој како извор го користел Евангелието по Матеј и не може да се смета за посебен извор.