На рускиот пазар се појавија машки и женски парфеми и како што наведува производителот, компанијата „Лидерс“ парфемите се инспирирани од претседателот на Русија Владимир Путин.

Станува збор за парфеми Number One и Russian women, а на шишенцето има изрезбарен лик на Путин и грб на Руската Федерација.

Од компанијата нагласуваат дека станува збор за ограничен број шишенца со такви парфеми. Цената на парфемите е околу 120 евра за 100 милилитри.

Од Кремљ наведуваат дека никој не им се обратил за дозвола на тој парфем да го користат ликот на Путин.