Владата на денешната седница усвои предлози и измени на повеќе закони што се во надлежност на Министерството за внатрешни работи заради усогласувањето со претходно донесениот Законот за прекршоци.
Во делот на казнената политика во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата се предвидени значителни намалувања на казните и тие ќе изнесуваат од 15 евра околу 900 денари) до 250 евра (околу 15.400 денари) како највисока граница, освен за животозагрижувачки прекршоци кои остануваат исти.
Се укинува и мандатниот платен налог, односно сите платни налози ќе бидат прекршочни.