Трет јавен повик за нискобуџетните авиокомпании ќе биде објавен деновиве, овојпат со олеснети критериуми, соопшти Владата.

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски денеска на прес-конференција информира дека авиопревозниците ќе треба да воспостават летови до две нови дестинации од Скопје и од Охрид до 26 март 2019, а не до 10 јануари, како што се бараше во претходните два огласа.

– Првите два повика беа неуспешни поради неисполнување на условите од тендерската постапка. Очекуваме овој трет повикот да биде успешен во интерес на граѓаните и тие ќе можат целосно да ги користат бенефитите од нискобуџетните летови, истакна Бошњаковски.