Мисија на Меѓународниот монетарен фонд, предводена од Џесмин Рахман, од утре до 16 ноември, ќе престојува во Македонија со цел да спроведе годишен преглед на македонската економија.

– Билатералниот надзор е централен елемент на мандатот на ММФ за сите нејзини земји-членки и опфаќа сеопфатен поглед на макроекономските движења и перспективи и на економските политики на власта. На крајот од мисијата, тимот на ММФ планира да објави соопштение за медиумите со прелиминарни заклучоци, вели во пишаната изјава Себастијан Соса, резидентен претставник на ММФ за Македонија.