На веб страницата на Владата (https://vlada.mk/protokoli-
Како што се наведува во соопштението од владината прес служба, на интернет страницата се објавени и Протоколот за спроведување на мерки за заштита од КОВИД-19 при организација на настани, промотори, рентал компании, видео и аудио продукции и техничка поддршка на овие настани, Протоколот за упис на ученици во јавните ученички домови во учебната 2020/2021 година, Протоколот за работа на танцовите и балетските клубови, Протоколот за вршење на меѓуградски превоз, како и Препораки и упатства за спречување на ширење на КОВИД-19, при влез на македонски и странски државјани во Република Македонија.
Денеска е објавен и Протоколот за организирање спортски настани со упатства за стриктно почитување на препораките кои се однесуваат на запазување на здравствената безбедност на играчите и останатите вклучени во натпреварите, кои се организираат без присуство на публика.