Премиерот Димитар Ковачевски оствари средба со претседателот на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари, на која разговараа за членството на С. Македонија во НАТО, отпочнувањето на преговорите со ЕУ и стратешкото партнерство на С. Македонија со САД, соопшти Владата.

– Во фокус на разговорите беа и неприкосновената борба против корупцијата, процесот на скринингот кој досега успешно се одвива, како и процесот на носење одлуки и реформи кои ќе придонесат до што поскора интеграција на земјата во ЕУ. Работните состаноци на премиерот со парламентарните и вонпарламентарните политички партии, на кои фокусот е продолжувањето на европскиот пат и носењето одлуки исклучиво во интерес на граѓаните и државата, ќе продолжат и понатаму, се вели во објавата на Владата на нејзиниот официјален профил на Фејсбук.