Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува и ќе се обрати на настанот по повод пуштањето во употреба на булевар „Свети Климент Охридски” во Гевгелија.
Како што соопшти владината прес-служба, Мицкоски ќе изврши увид на градежните активности на брзодинамичниот кружен тек на влезот во Гевгелија, на мостот над каналот „Рауљ”, на реконструкцијата на булевар „Гевгелија”, како и на надвозникот на улица „Железничка”.