Светските и европски стандарди ги носиме дома и преку индустријата за одгледување канабис за медицински цели и за производство на продукти од оваа билка, објави денеска Владата.

– Маслата од канабис и другите продукти, влијаат позитивно на многу симптоми на болести како што се мултиплекс склероза, ХИВ, Паркинсонова болест, епилепсија и други малигни заболувања, што отвора огромни потенцијали и пазари. Со донесување на измени и дополнувања на Законот за опојни дроги ќе се овозможи извоз на цвет од канабис за медицински цели кои ќе поттикнат нови инвестиции, развој и нови работни места. Во 2021 планираме и да ја прошириме листата на дијагнози за кои е дозволено лечење со медицински канабис и да обезбедиме декриминализација и депенализација на канабисот за мали количини за лична употреба, се вели во објавата на Владата на официјалниот профил на Фејсбук.

Во последниве денови нагласени се се почестите залагања на партиски функционери на СДСМ, министри и премиерот Зоран Заев за легализација и декриминализација на марихуаната во Македонија.

Денеска, пак, од Холандија стигна вест дека градоначалничката на Амстердам ќе забрани користење марихуана за туристите во тамшните „кофишопови“ зашто „овие „туристи“ се извор на проблеми за центарот на градот“.