ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ лаже дека бројот на невработени е помал, еве табелите од Агенцијата за вработување

/ 09.01.2021

Денес СДСМ реагираше на изјавата дека до сега бројот на невработени се зголемил за 55.000 лица. Во реакцијата стои дека ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести и дека бројот е многу помал од тоа. За да види јавноста кој шири лажни вести во прилог е табела со официјални податоци за бројот на невработени лица од Агенцијата за вработување на Република Македонија. Имено, според овие податоци бројот на невработени лица во јануари е 104.409 додека во ноември тој број е 155.218, што значи зголемување за 50.809, ова преку статус на Фејсбук денеска го пишува Комисијата за економија на ВМРО-ДПМНЕ.

-Дополнително, ако се земе фактот дека во декември многу фирми ставија клуч на врата и гинотпуштија своите вработени поради лошото менаџирање со здравствено-економската криза, повеќе од сигурно е дека таа бројка надминува над 55.000 лица. СДСМ фрустрирани од неспособноста да за справување со економските последици од кризата и неможност да ги сокријат овие поразителни податоци, кои не се обични статистички податоци, туку егзистенцијално прашање за илјадници наши граѓани, се обидуваат да манипулираат со обвинувања кон ВМРО-ДПМНЕ, стои во нивниот пост на Фејсбук.

 


Од истата категорија