Дистрибуцијата на новите материјали за учење наменети за учениците од прво, второ, четврто и петто одделение за предметите за кои се изготвени нови наставни програми е во тек и ќе се заокружи пред 1 септември, соопшти Владата.
– Паралелно до училиштата се врши и достава на учебниците по сите останати одделенија – трето, шесто, седмо, осмо и деветто и со оглед на тоа што процесот е интензивиран ќе заврши до крајот на утрешниот ден. Министерството за образование и наука упатува апел до раководствата на основните училишта да ги подигнуваат материјалите за учење и учебниците од просториите на општините и да организираат нивна распределба и доделување на учениците на првиот училишен ден, се вели во соопштението од Владата објавено на нејзиниот официјален профил на Фејсбук.
Родителите се на маки со реформите во образованието што се менуваат со смената на министри. Од претходната министерка за образование Мила Царовска беа убедувани дека не им требаат хартиени учебници туку само електронски, сега со новиот министер Јетон Шаќири нема ни електронски ни хартиени, за децата ќе учат од материјали наместо учебници.