Владата на денешната 163 седница ја усвои информацијата за купување и адаптација на деловен простор во седиштето на Северноатлантската алијанса во Брисел за потребите на Мисијата на Македонија при НАТО со Предлог-одлука за купување со непосредна спогодба на недвижни ствари.
Според информацијата, предвидени се 2.872.255 евра за купување 996,37м2 (878,10м2 нето) на административните простории, за паркингот и за реализација на градежните работи на адаптација.