Со конкретни мерки и идеи вложуваме во подобрување на образовниот процес, соопшти Влада на Република Македонија.
„За таа цел преку Министерството за образование и наука за следната учебна година 2025/2026 ќе се доделат најголем број на стипендии за дуалното образование досега, односно 1.570 стипендии за учениците кои ќе се запишат во дуални паралелки во средните стручни училишта.
За тоа дека вложуваме во дуалното образование и ги стимулираме и компаниите за нивна поголема вклученост, покажува и тоа што над 550 компании оваа година директно ќе бидат вклучени во практична обука на учениците што ќе се запишат во дуалните паралелки“, потенцираат во соопштението од Влада.
Ова значи дека учениците со завршување на средно стручно училиште, ќе имаат поголема веројатност за брзо вработување, во најголем дел во компаниите каде посетувале пракса, или пак да продолжат со своето образование на некои од универзитетите во државата.
„Наш приоритет е да ја зголемиме вработливоста на младите лица и да создадеме квалификуван кадри со вештини и компетенции што се потребни на компаниите, а со тоа ќе овозможиме младите својата иднина да ја градат во сопствената држава“, додаваат од Влада.
Вложувањето во образованието, значи вложување во иднината и перспективата за развој на Македонија.
Како Влада фокус се реформите во образованието за подобар и поквалитетен образовен процес. Продолжуваме посветено и одговорно. Државата е на патот на промените, потенцитаат од прес службата на Влада.