Владата денеска како „лаги и манипулации“ ги оквалификува информациите дека премиерот Зоран Заев имал контакти со Седат Пекер.
-Премиерот Заев и неговото семејство немале и немаат никакви средби и соработки со споменатото лице. Категорично ги отфрламе како лаги и манипулации сите вести во кои премиерот Заев и неговото семејство се доведуваат во каква било врска со споменатото лице, изјави денеска владиниот портпарол Душко Арсовски одговарајќи на новинарско прашање на редовната прес-конференција.
Седат Пекер, пак, деновиве во видео обраќање рече дека тој лично се познава со премиерот Заев и му бил на гости и дома. По, Пекер, кој од македонското МВР добил лажен пасош, има меѓународна потерница за трговија со дрога.
Пекер е само еден од повеќето светски криминалци кои добиле македонски пасош со украден идентитет.