Владата обезбеди 100.000 заштитни маски за граѓаните на Куманово, Прилеп и Тетово, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување.
Дирекцијата во текот на вчерашниот ден ги дистрибуираше маските кои ќе им бидат поделени на граѓаните.
-Граѓаните на РС Македонија да ги почитуваат мерките за носење заштитни маски, да се почитува физичката дистанца и да се оддржува лична хигиена, апелира Дирекцијата за заштита и спасување.