Владата на седницата одржана вечерва донела одлука за замрзнување на цените на основните прехрамбени продукти.
Тоа значи дека трговците нема да смеат да ги зголемуваат цените на основните производи повеќе од цената која е утврдена како референтна, а таа е цената што тие продукти ја имале на денот кога СЗО прогласи пандемија, односно 11 март, или пред 5 дена.
Ова за порталот Фактор ексклузивно го потврдил министерот за економија Крешник Бектеши.
Станува збор за леб, сол, зејтин, млеко и млечни произвои, јајца, брашно, место, тестенини, лекови и дезинфекциони средства, со состојба на денот за прогласување од СЗО, освен за оние за кои има доказ дека се зголемени влезните фактури.
За оние трговци што ќе прекршат овие првила и ќе ги зголемат цените, ќе следуваат казни.