Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска оствари средба со претставниците на Алказар енерџи за инвестиција во енергетиката вредна 450 милиони евра за целосна енергетска независност.
– Струја за 100.000 домаќинства, 55 ветерници коишто ќе произведуваат еден терават час електрична енергија, 630 нови вработувања, најголема инвестиција во сегментот на парк со ветерници. Инвестиции за подобар животен стандард, објави Владата на својот Фејсбук профил.
Во Скопје во тек е настан на кој што ќе бидат објавени детали во врска со оваа инвестиција, на која ќе се обратат претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и Даниел Калдерон, ко-основач и управувачки партнер на Алказар Енерџи.
ФОТО/Влада Фејсбук