Владата на денешната седница донесе неколку одлуки меѓу кои и за учество на војници од македонската армија во НАТО мисии.

Владата донесе одлука за испраќање на припадници на АРМ и вработени во Министерството за одбрана во Ирак и Летонија.

Тие треба да учествуваат во НАТО мисијата NATO Mission Iraq – NMI во Ирака, како и во НАТО мисијата „Зајакнато истурено присуство“ во Република Летонија.