Законот за попис е во Владата и во моментот тече усогласувањето меѓу коалициските партнери, информираа денеска владините портпароли Миле Бошњаковски и Муамет Хоџа.

– Најверојатно на следната владина седница ќе се најде на дневен ред, истакнаа портпаролите за време на денешната редовна прес-конференција во Владата.

Како што е веќе познато, за пописот беше предвидено да нема графа за изјанување на национална припадност, а под притисок на јавноста дека многу акти се креирани токму врз принципот на процентуална застапеност на населението, последните информации се дека, сепак, ќе има графа во која на пописот ќе може да се регистрира националноста на попишаните.