Владата на денешната седница, покрај другото, ја разгледаа и ја прифатила информацијата за исполнетост на условите како простор, опрема и кадар на Друштвото за производство, трговија, транспорт и услуги Ф&М 2017 ДОО Експорт – Импорт, во гостиварското село Врапчиште.

Оваа фирма, според предлог-одлуката на Владата, ги исполнува условите за одгледување на канабис за медицински цели.