„За време на вчерашните работни средби обезбедивме унапредување на меѓусебната доверба и дијалогот меѓу … Македонија и Бугарија. Овој позитивен исчекор ни овозможи да разговараме за можностите за решенија, за што добра основа е португалскиот предлог.
Решенијата мора да водат грижа за двете страни, односно да ги адресираат прашањата што се важни и за Република … Македонија и за Бугарија. Такви решенија се можни, за да се дојде до нив неопходен е дијалог, а сега еве и дијалогот е повторно на маса.
Оттука, не се точни шпекулациите за наводни формулации за решенија што се споделуваат низ дел од медиумите“, велат за МКД.мк од кабинетот на Заев.
Бугарскиот весник „24 часа“, повикувајќи се на извори во бугарската влада, објави дека компромисот што го предложил Заев во Софија е дека „зборуваме на ист јазик, но меѓународно признат како два различни“