Владата донесе одлука, на предлог на Министерството за одбрана, за испраќање 134-ца припадници на Армијата на Република Македонија, за учество на вежбата „SABER JUNCTION 22“, којашто ќе се одржи во Сојузна Република Германија, во период од 28 август до 21 септември 2022 година.
На денешната владина седница е разгледана и усвоена и Информацијата од Министерството за одбрана за влегување и престој на странски вооружени сили на територијата на Република Македонија, за изведување обука за евакуација на лица во тешко проодни планински услови.