Националната арена „Филип Втори“ во Скопје е преименувана во „Тоше Проески“, одлучи Владата на денешната седница.

– На редовната 129. седница, Владата денеска донесе одлука за преименување на стадионот во национална арена „Тоше Проески“ во чест на личноста која остави траен белег на македонската и регионалната современа историја, напиша владиниот портпарол Миле Бошњаковски на „Твитер“.

Во 2009 година, претходната Влада го преименува поранешниот Градски стадион во Национална арена „Филип Втори“.