Телевизија Нова, на бизнисменот Сеад Кочан, чекори кон стечајна постапка откако такво нешто побараа повеќе од 40 вработени и поранешни вработени во таа ТВ. Врабоотените велат дека на овој чекор се решиле затоа што фирмата им должи седум плати, односно од октовмри лани не виделе ни денар од некогаш моќната ТВ. На вработените во периодот од октомври досега не им се исплкаќани ниту придонесите за пензиско и за здравстено осигурување. Пред неколку месеци вработени побарале Трудовата инспекција да ја прочешла фирмата, но според нив досега немаат официјална информација што инспеткорите откриле.
Инаку, Централниот регистар постапувајќи по службена должност на 23 март годинава донесе решение со кое се одобри пријавата за започнување стечајна постапка над должникот ТВ Нова ДООЕЛ Скопје. Побарувач беше „Телекабел“, а побарувањата биле на основа пренесување на сигналот на телевизијата должник за што фирмата на Кочан годишно плаќала по околу 50.000 евра. Двете страни требаше на 24 април да се појават во судницата, но тие постигнале вонсудска спогодба, што значи и стечајната постапка е запрена затоа што Кочан нашол пари да го исплати газдата на „Роби Телекабел“.
– Досега неколку пати имавме состаноци каде што менаџментот ветуваше исплаќање на плати, но од октомври наваму немаме земено ниту денар. Иако е таква состојбата сега луѓето што решија да останат во фирмата се под постојан притисок од менаџментот, се бара нивна дисцплина и редовно одење на работа, а неколку вработени се одјавени без нивно знаење – велат вработени во ТВ Нова, која веќе неколку месеци главно објавува од порано снимени емисии, а се обидува лиценцата да ја зачува со повремено емитување вести.
Вработените велат дека се соочуваат со страшни притисоци и уцени. Добиваат уцени или да потпишат спогодбен отказ или да работат без пари.
– Вчудовидени сме што сите велат дека имаме право, но работничките права се само на хартија и покрај тоа што ги запазуваме сите законски процедури. Сите законски услови за стечај се исполнети, но државата оопшто не реагира – се жалат вработените.
Соочени со нејасната иднина на телевизијата како и со пасивниот однос на властите, 43 вработени со комплетна документација поднесоа барање за итен стечај на ТВ Нова. Се знае и кој е стечаен судија, така што се очекува многу брзо да се донесе и решение за стечајната постапка.
– Иако сме без плата, самите си ја плаќаме целата постапка за истерување на правдата. Ќе одиме до крај за исплата на нашите плати и придонеси- велат вработени во ТВ Нова.