Европа за нас Македонците не треба да биде срам и понижување, туку таму треба да влеземе со кренати глави, порачува митрополитот Агатангел, повикувајќи на одржување на семакедонски собир против омаловажувањето на македонскиот национален идентитет и достоинство.
– „Да“ за македонската евроинтеграција, но „Не“ со сменето име и непризнат јазик, црква и сменета историја. Не изневерија оние на кои им ја дадовме довербата, вели во пораката владиката Агатангел, додавајќи дека во Македонија се рушат овие столбови на државноста.
Како организатори на собирот, како што наведува митрополитот, се група разочарани луѓе, кои побарале поддршка од него како црковно лице.