„Сите, буквално сите пожари на отворен простор, најодговорно тврдам дека се подметнати.
За причините во некоја друга прилика“, вели на својот ФБ профил Владимир Кочовски, командирот на противпожарната единица во Скопје, познат по тоа што играше голема улога и во спасувачката акција на повредените кај Ласкарци.
„Исто како и пластичните контејнери кои, статистички гледано, горат во Карпош и Центар во 90 % од случаите.
Реков дека во некоја друга прилика може да кажам дали пожарите имаат политичка заднина?
Дали тоа го прават дрвокрадците, земјпделците кои ги палат стрништата па потоа тоа излага од контрола?
Поентата е дека во моментов Бригадата работи со намален број на луѓе кои прават натчовечки напори за да ги угаснат пожарите.
Скоро половина од возилата се секој ден на сервис.
Се троши огромна количина на гориво.
Возилата се уништуваат затоа што мора да се вози и по непристапни места.
Затоа, што повеќе полиција на терен( не инспектори).
Забрана за движење во шума.
Казни за секое запалено стрниште.
Ангажирање на чуварска служба, полиција, што и да е, на сите депонии.
П.С. За тоа време, додека сите се на терен за да гасат подметнати пожари, треба да знате дека може да се случи пожар на објект на кои повик ќе нема доволно луѓе и возила за пожарот да биде угаснат.“