Илчо ЕФКОСКИ, специјалист и генерален менаџер во ПЗУ Медика центар Тетово

Науката вели 2м е безбедна дистанца со помала веројатност за ризик КОВИД-19. Но, во најновиот протокол од Владата, оној за СИТЕ работни места (уште се чудам како ги ставивте сите во еден куп), е наведено 1 метар во затворен простор?!
Кој тоа ви го посочи и од која научна фантастика?? Мене ми е јасно дека не разбирате, но може да ви се помогне ако побарате.

Кога владата веќе ја намали на 1 метар, што ќе направите следно?

А: ќе го намалите ризикот со одржување два метри, знаејќи дека постојат научни докази дека оваа дистанца го намалува ризикот и дека на суд може да се оправдате дека сторивте се што беше разумно и практично?

Б: ќе ја намалите дистанцата на еден метар, затоа што тоа вам ви одговара?

Моја препорака до работодавачи и Владата – држете се до науката! Престанете со глупи протоколи. Побарајте совет, вака ќе ги уништите и оние бизниси кои во моментов се мачат да опстанат.
Имате закон за безбедност и здравје при работа. Имате стручни лица за безбедност при работа. Имате доктори специјалисти по медицина на трудот. Користете додека уште има време. Фабриките ви се следните жаришта, по не знам кој пат повторувам.

Протоколот е усвоен на 60-тата седница на Владата на 2 јуни!