Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Истанбул ги прочита молитвите Симболот на верата и Оче наш.
Таа чест му беше укажана денеска во црквата Св. Георгиј Победоносец во Фанар, во Истанбул, каде се одржува прва заедничка литургија на Вселенската патријаршија и Охридската архиепископија.
Како што претходно објавивме, во Соборниот храм на Вселенската патријаршија Св. Георгиј Победоносец вселенскиот патријарх г. Вартоломеј и архиепископот охридски и македонски г. Стефан одржуваат прва заедничка Патријаршиска и синодална света литургија по примањето на Охридската архиепископија во богослужбено и канонско единство со останатите православни цркви.
Во делегацијата што ја предводи Ковачевски се и министрите Бујар Османи, Оливер Спасовски, Славјанка Петровска и други.
За време на церемонијата Ковачевски најпрво ги „тестира“ микрофоните во негова близина, со испробаниот начин удирање со прст по микрофонот (погледнете на првото видео).
https://www.facebook.com/100000514805797/videos/721105589203311