Дејвид Дејвис поднесе оставка од фуницијата секретар надлежен за Брегизтот, со што повторно е доведен тешко стекнатиот консензус, па владата на премиерката Тереза Меј сега е во криза.

Оставката на Дејвис ја следеа уште двајца негови колеги, па сега Меј е принудена на рекоснтрукција, а во исто време ќе треба да води битка и во Парламентот за поддршка со тврдокорното крило кое се противат на мекиот Брегзит.

Секретарот Дејвис во отворената и оставка со тешки зборови вели дека не можел да поднесе „мек Брегзит“ договорен со секторот за финасии при што Британија ќе го загуби домашното законодавство во вистинска смисла на зборот.

Дејвис на своите пријатели им рекол дека не може да го надмине фактот што мекиот Брегзит, договорен меѓу министрите во петокот, предлага „слободна трговска зона Велика Британија-ЕУ“ за која ќе важи „заеднички деловник“. Тоа на извесен начин бртианскиот Парламент го става во подредена положба.

Ваквата моментална состојба може дадоведе повторно да се гласа за доверба на Владата на Тереза Меј.