ВЛАСТА ГО ИСТУРКА ПРЕДАВСТВОТО: Со 68 гласа за, без воздржани, без против и без ВМРО-ДПМНЕ, Собранието ги усвои предложените заклучоци

/ 16.07.2022

Со 68 гласа за, без воздржани и без против, Собранието ги усвои предложените заклучоци. На гласањето не присуствуваа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, а денешната сендица ја следеше и евроамбасадот Дејвид Гир.

Со заклучоците се задолжува Владата на Македонија да ги продолжи разговорите со ЕУ за преговарачката рамка.

По гласањето следуваше голем аплауз од страна на пратениците владејачката коалиција на СДСМ и ДУИ.

По гласањето, собранискиот спикер најави пауза, а по неа од 14 часот ја закажа седницата за Буџетот.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ по завршувањето на дебатата и пред гласањето ја напуштија собраниската сала.

Три дена пратениците раправаа за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Македонија со ЕУ. Дебатата во Собранието постојано се одвиваше во слична атмосфера како што започна со користење на вувузели и свирежи од пратениците на ВМРО ДПМНЕ додека се обраќаа пратениците на СДСМ.

А во меѓувреме Македонците протестираат пред законодавниот дом против францускиот предлог со транспаренти и извици на негодувања. Демонстрантите фрлаат и тоалетна хартија кон зградата на Собранието.


Од истата категорија