Министерот за економија Крешник Бектеши и директорката на Државен пазарен инспекторат Анета Симеска Димоска, на денешната средба разговарале за спроведувањето на одлуката за превентивните препораки, времените мерки, наменските протоколи, плановите и алгоритмите за постапување за заштита од Ковид-19.

Како што информира министерот преку неговиот фејсбук профил, од понеделник ќе следат засилени контроли.

-Затоа вакцинирајте се, за да го чуваме здравјето, напиша Бектеши.

Со последните мерки за заштита и превенција од Ковид-19 кои Владата ги донесе се забранува секаков тип на настани и работа на угостителски објекти на затворено од 16 август и задолжителна потврда за вакцинација, најмалку со прва доза, при влез на настан или објект со повеќе од 30 присутни на отворено од 15 август.