Властите на Мјанмар изразија подготвеност за враќање на бегалците Рохинџи со оценка дека Бангладеш ќе биде одговорен во случај на доцнење на процесот на враќање на претставниците на муслиманското малцинство што треба да почне на 15 ноември.
– Подготвени сме, изјави министерот за социјални прашања Вин Мјат Аје на прес конференција каде изнесе детали за враќањето на бегалците. Тој вели дека сега на ред е Баннгладеш да почитува рокови за да биде враќањето на доброволна основа.
Извори во МНР во Бангладеш изјавија дека се е подготвено процесот за враќање да почне на 15 ноември и дека УНХЦР треба да утврди дека секое враќање е доброволно. Во првата фаза ќе се вратат нешто повеќе од две илјади Рохинџи од 15 ноември.
Околу 700.000 Рохинџи побегнаа во соседен Бангладеш бегајќи од кампања за етничко чистење кое го осудија ОН.