Возраста на мозокот е мерка за здравјето на мозокот, а на тоа негативно влијае алкохолот, покажа една од најголемите студии.
Со текот на времето, пиењето малку поголема доза на алкохол од препорачаната може да го забрза процесот на стареење на мозокот, открива новата студија. Иако минатото истражување даде слични резултати, сите тие беа спроведени на помали групи на луѓе или глувци. Новите истражувања од истражувачите од Универзитетот во Јужна Калифорнија нудат сеопфатна проценка бидејќи во скенирање на мозокот учествувале 17.308 лица.
Тим истражувачи открил дека за секој грам алкохол што се консумира дневно една година, мозокот го старее за седум и пол дена. Просечна конзерва пиво или чаша вино содржи 14 грама алкохол. Луѓето кои пријавиле дека пијат секој ден една година, имале просечно 0,4 години постари мозоци од луѓето кои не пиеле секојдневно.
Пушењето имаше уште посилен ефект. Тимот открил дека за оние кои пушат една кутија цигари дневно за една година, мозокот им старее за 11 дена.
Компјутерска пресметка
Научниците користеле 30 проценти од сликите на мозокот кај луѓе на возраст меѓу 45 и 81 година за да ги „научат“ компјутерите кои го скенираат мозокот да проценат колку стар изгледа мозокот. Потоа, ги споредиле проценките на компјутерите за возраста на секој мозок со вистинската возраст на лицето и нивните извештаи за тоа колку алкохол и тутун консумираат дневно, за да утврдат дали алкохолот и тутунот влијаат на стареењето на мозокот.
Споредувајќи ги резултатите со другите 70 проценти, тие откриле дека колку повеќе пиете и пушите, толку е поголема веројатноста да имате мозок постар од вашата вистинска возраст.
Лусина Удин, директорка на Катедрата за когнитивна и бихевиорална невронаука на Универзитетот во Мајами, која не била вклучена во истражувањето, изјави дека користењето на алгоритмот е она што ги прави резултатите од оваа студија толку впечатливи.
„За слични истражувања, порано би скенирале 20 или 40 лица, ако имавме среќа. Ова е најголемиот примерок што досега сме го виделе. Возраста на мозокот е во основа мерка на здравјето на мозокот“, вели Лучини.
Што е со срцето?
Бидејќи примерокот е толку голем, научниците можат да постават прашања што важат за целото население, а не на десетици луѓе.
Водечкиот автор на студијата, Артур Тога, рече дека разликата од 0,4 години е статистички значајна и дека заклучокот е дека дневната потрошувачка на алкохол може да биде штетна за мозокот. Од друга страна, многу луѓе кои исто така наполниле 100 години и се чини дека се отпорни на деменција, признаваат дека конзумираат алкохол од време на време. Покрај тоа, неодамнешната студија на Харвард откри дека умерено консумирање алкохол исто така може да има корисни ефекти за срцето.
“Ако пиете алкохол, многу е важно да пиете одговорно, а не прекумерно. Исто така е важно да се фокусирате на јадење здрава храна, одржување на здрава тежина и вежбање, како и да не пушите. Ако воопшто не пиете, не мора да започнете”, вели др. Кјуи Сун, коавтор на истражувањето на Харвард.