Денешната програма во Втората македонска фудбалска лига ги донесе сите осум натперевари, а оваа рунда го одреди и првиот тим кој се пласираше во Првата лига.
Воска Спорт доживеа промоција во елитата и покрај тоа што ремизираше со Охрид во локалното дерби, пред се благодарение на резултатот на натперварот кој се одигра во скопско Маџари.
Вардар поведе против Тетекс со голот на Жоглев, но потоа дозволи пресврт на Тетекс во второто полувреме, а ова автоматски значеше дека Воска и со ремито од 2:2 е нов прволигаш.
Автоголот на Величковиќ и голот на Богдановски донесоа пресврт за Тетекс во Скопје, тим кој сега останува во игра за опстанок во Втората лига.
Од друга страна, Вардар со овој пораз се откажа и од второто место во лигата, па така промоција во елитата ќе бара преку баражот кој ќе го игра со десеттиот тим од Првата лига.
Причина плус за ова е победата која ја оствари Гостивар, тим кој без проблеми славеше над Детонит со резултат 0:2.